30 March 2013

„Бегајќи од себеси“


Беше како пекол и рај, двете во едно..
на моменти чувствував како телото да ми се распаѓа а веднаш потоа како повторно да се раѓав од прашината.
Понекогаш повеќе болеа солзите кои не можеа да излезат, кои беа заглавени таму некаде помеѓу очите и душата.
Посакував да вриснам силно со надеж дека некој ке ме извади од таа бездна, дека некој друг ќе ме маѓепса со поглед како неговиот, дека ќе биде негова копија и ќе биде возможно да ја сакам..
Љубовта со него беше како дрога, на моменти го даваше она еуфорично возвишено чувство а веднаш потоа ме доведуваше до работ на лудилото.. но продолжував да ја земам иако полека ме уништуваше.
Го сакав на некој необјаснив начин, понекогаш ми беше доволно да го погледнам и да сватам дека тој ми припаѓа само мене а веднаш потоа ми требаше повеќе од колку што можев да издржам.
Сакав да го сакам, но повеќе сакав да го мразам.. и кога ќе го свртеше грбот и ќе заминеше посакував да истрчам пред него и да го гушнам силно, но го пуштав да оди бидејки знаев дека повторно ќе ми се врати.
Одевме по различни патишта кои на крајот сепак се вкрстуваа, имаше нешто толку чудно во нашата судбина.
Бевме како оган и вода, како небо и земја, ангел и ѓавол.. а сепак припаѓавме еден на друг.
Како да доаѓавме од друг свет каде што тие разлики беа совршенство.
Заминував секогаш кога знаев дека ќе бидам повредена.
Барав утеха под туѓо небо но ветрот повторно ме враќаше на неговите облаци..
барав спас во друг поток но реката пак ме носеше до неговите сплавови.
Како да се криев од месечината, а таа секогаш ги следеше моите чекори..
Бегав од него, а всушност бегав од себеси.

29 March 2013

„Таа ја пронајде љубовта“



Таа одсекогаш имаше определено сваќање за љубовта,
таа ја знаеше, ја разбираше, беше свесна за се што таа претставува, но неа никој не ја сакаше.
Таа беше полна со љубов, можеби со премногу љубов, но немаше кому да ја дари и да ја добие за возврат.
И тргна во потрага да ја најде.
Започна да се претвора во личност во каква би сакала да се заљуби,
и кога тоа не беше доволно таа отиде да ја бара насекаде каде што може да ја пронајде.
Таа стана како Купид, ги зеде во рацете аморовите стрели и почна да ги погодува сите кои ќе и се појавеа на патот без да мисли дали и тие ке се заљубат во неа..
Не помислуваше. Но нејзините обиди беа залудни, таа беше пак повредена поради тоа што
сите успеаја да го пронајдат она што го бараат без многу труд.
Таа стана сурова поради лажната реалност за љубовта мислејќи дека секој може да и ја даде.
Беше тажна и очајна..
се препушти на секој кој мислеше дека може да и го пружи тоа чувство на возвишеност,
се претвори во темнина и очајно ги застрела сите.
Кога сите нејзини обиди пропаднаа, таа беше скршена,
заврши со својата потрага по љубовта..
се прободе сама со љубовната стрела мислејќи дека секогаш ке се има себеси..
се предаде засекогаш!
..И тогаш кога најмалку очекуваше, љубовта ја пронајде.. и и' ги отвори очите.

... Љубовта доаѓа кај оние кои чекаат, или барем.. ја очекуваат!



„Што треба да знае една девојка“

Велат не е тешко да сакаш, тешко е да сакаш а љубовта да не ти е возвратена.
Но љубовта е премногу скапоцена да биде подарена на некој кој не ја заслужува.
Животот и онака е премногу краток да ја даруваш како залиха,
затоа биди свесна дека понекогаш во неа треба да бидеш и скржава..
да сакаш без да бидеш вљубена,
да веруваш без да бидеш изиграна.
да знаеш да оставиш пред да бидеш оставена,
да заминеш кога веќе не си пожелна.
Да ја сочуваш гордоста, пред да ти биде прегазена.
Затоа што секоја девојка е единствена, и треба да биде сакана онака како што заслужува!

„Јас - твојата сенка“


Уште од првиот пат кога те видов, знаев дека не си вистина..знаев дека стојам на раскрсница помеѓу реалноста и фантазијата.
Го знаев крајот на нашата бајка уште пред да биде започната.
Но ниту еден збор не сведочеше за болката која сега ја чувствувам,знаев но не сакав да признаам. 
Само ги затворив очите и сакав да полетам, сакав да оживеам во светот каде што бев невидлива.. Ти беше тој кој ме забележа, ти ми подаде рака и ме однесе на друга планета, ми подари рај, ме научи да живеам.
Ме натера да поверувам во љубовта, да и бидам роб и да и се покорувам.
Ја знаеше тајната лозинка до моето срце уште кога во моите очи ја виде бистрината,
го зароби во окови од лаги и го остави во темницата.
Сега тоа не слуша никој друг и не сака на друг да верува, го боли но не признава.
И секогаш беше ти пред се, пред секој друг.
Секогаш постоеше некоја чудна поврзаност која правеше да го следам твојот чекор, 
и само тебе да те забележувам во толпата... 
Ги гледав само твоите очи,  го слушав само твојот глас... бев маѓепсана.
И сега ме боли да се погледнам во огледало, да се видам засрамена. 
Се срамам од моите очи, во нив те гледам тебе.. ти сеуште живееш во секој дел од моето тело.
Полека почнувам да не се препознавам. Се изгубив себеси следејки те тебе, но никако не успеав да те достигнам.
Но сега гледам, јас сум била само твоја сенка.. сенка која во утрото ќе биде изгубена!


„Недопишана“

На првата страница на нашава книга од шест листа видов надеж, видов една мала искра која мислев дека води кон светлината, помислив ќе потрае.
Но како велат.. Огнот кој силно гори брзо згаснува,
нашиот гореше како да пеколот се отворил на земјата и не проголтал нас двата.
И полека водеше кон нови и нови заплети.
Но ни еден роман не би бил толку совршен доколку ја нема слатката љубовна горчина, доколку ни едниот не пати и не биде повреден, за да би имал среќен крај.
Веќе и самите не знаевме каде води оваа приказна,љубовта ја пишувавме како обичен збор на парче излитена хартија.
Ти ми ветуваше вечност а се што добив беа само неколку мига. И сега кога ја читам повторно сеуште го чувствувам мирисот на тагата,на страниците сеуште спијат моите солзи и болката. Се прашувам до каде застанавме, а потоа гледам дека крајот сеуште се одолговлекува,
на крајот од секоја страница има запирка.
Ти стоиш некаде помеѓу редовите, а потоа те снемува,оваа приказна ја пишувам јас самата.
Долго сум се лажела дека ти си бил главниот, но си бил само спореден лик во неа..
И зошто сеуште жедно го чекам расплетот кога нема веќе што да се пишува, се се врти во еден круг и одново се повторува.
Но можеби не се работи за крајот туку за приказната,
подобро да стои вака недопишана, барем нема кого да повредува. И едно те замолувам, не завршувај ја...
Празните страници ми се надежта.
Ги чувам за иднината, за да можам да преживеам!



27 March 2013

„Сама“


Часовникот отчука 12 на полноќ. Во очите и вирееше копнеж,
копнеж кој полека се претопуваше во солзи.
Голтна горчина во себе и ги стекна усните.
„Нема да дојде..“ - изусти безнадежно.
Целата трепереше додека чекорите бавно и одѕвонуваа низ собата.
Молкот ги имаше одговорите, но таа не сакаше да ги признае.
Уште една ноќ остана сама..
сама го пиеше горкото црвено вино кое како да и застануваше во грлото..
сама танцуваше на нивната омилена балада..
сама се насмевнуваше на миговите со него..
сама спиеше на неговата перница, за миг да го почувствува неговиот мирис,
неговото присуство..
Се чувствуваше виновна, виновна што падна на искушението на лагата..
што поверува повторно на празните ветувања...
Се засрами пред себе погледнувајки го расплаканото лице и размачканата маскара во огледалото..
Ја исправи главата и ги избриша образите,
го стави црвениот кармин и провлече насмевка врз усните.
Го облече неговиот омилен фустан и ги стави бисерите кои тој и ги подари.
Зачекори пред прагот и воздивна..
во себе тивко прошепоти.. „Ќе го заборавам!“
Чекореше злобно по улиците додека мажите воздивнуваа на секој нејзин тупот од штиклите..
Во очите и гореше оган кој распламтуваше во одмазда.
Влезе во големиот клуб,пред прагот го остави него..
ги остави неговите спомени, нејзиното срце..
Ноќта беше долга, како и гневот што и пламтеше во очите.
Го проколна илјада пати во себе, порача мартини и го предаде своето тело на мракот..
За да ја види токму таква каква што никогаш не била..
Бес срце, студена, сурова.. и ни малку негова.


http://www.youtube.com/watch?v=L6K8Uq88BEQ



„За љубов се потребни двајца“


Изгрејсонцето осветли две лица во собата...
два грешници што бараа утеха..
ти бараше љубов, а јас спас..
Во моите очи сеуште размачканата маскара од сношти и цигарата со црвен отисок.
Твоето тело покрај моето.. на местото каде што синоќа те заробив..
Не боли тишината, болат зборовите кои не можат да бидат кажани...
не чекај, нема да ги слушнеш од мене..
И двата сме виновни.
На чаршавот ке спијат нашите гревови, а веќе утре ќе биде некогаш.
Веќе е време... оди си... пред утрото да не засрами...
твојот допир веќе ме скаменува, повеќе не чувствувам топлина..
Повлекувам дим да заборавам.. а ти очекуваш..
од тебе не барав љубов, само заборав..
во твоите бакнежи барав лек за солзите..
не ме сакај, не можам да ти возвратам..
ох драг мој..
телово кое ноќва гореше, не ти припаѓа тебе...
на усниве кои ги милуваше, потпишани се туѓи бакнежи..
не можам да го отворам срцево и да те пуштам, внатре веќе живее друг...
нема потреба од зборови, за љубов се потребни двајца.

http://www.youtube.com/watch?v=fW_4V10LTvM



25 March 2013

„Несвесно имаше се, а свесно избра ништо.“


И се оствари сонот кој толку го посакуваше. Да го пронајде совршениот за неа...
тој не беше како другите, беше приказна за себе... луда глава која сакаше да живее со полна пареа. 
Имаше маани и многу грешки зад себе... беше го одбрал погрешниот пат, но и покрај сите падови продолжуваше.
Кога ја пронајде неа помисли дека може за миг да застани и да се смири.. но не за долго..
А таа се надеваше, се надеваше дека ке го промени и ке го направи човек... 
тој обиваше, велеше дека не е за неа, дека не можи да и го пружи она кое таа го заслужува..
дека таа е премногу чиста за да биде извалкана од неговата дамка на „опасниот мангуп“  
но таа не се плашеше да биде осудувана, за неа тој беше совршениот.
Го сакаше со сите оние нешта поради кои другите го мразеа..
Го сакаше и го чекаше... 
А тој ја повредуваше, 
ја земаше па ја оставаше...
ја сакаше па ја мразеше.. но не се откажуваше од неа.. ни таа од него...
се сакаа на чуден начин... 
понекогаш остануваа разделени со месеци, но пак се враќаа еден на друг.
Неа никој друг не можеше да ја расплачи и да ја повреди колку тој... 
тој беше нејзината среќа, нејзината тага... нејзината слатка болка...
а него никоја не можеше да го направи да ги заборави сите свои маани, 
за миг да се почувствува како ангел.. 
таа беше неговата слабост...бегство од реалноста..
Но не можеше да запри, да се откажи од своите идеи..  и да остани само со неа..
имаше его кое сакаше да го храни со многу други..
Несвесно имаше се, а свесно избра ништо.



„Погледни што направи“



Се сеќаваш ли на малата девојка на аголот од уличката, која те чекаше во доцните часови со немир и копнеж.. се сеќаваш ли на нејзиниот невин поглед и весел глас кој секогаш те засмеваше.. Се сеќаваш ли на нејзината прегратка која беше твое засолниште додека ти се враќаше од илјадндиците кои те извисиле..
Ја паметиш ли нејзината мила насмевка кога од далеку ќе те видеше како доаѓаш ..
го паметиш ли вкусот на нејзините бакнежи? Тоа беше вкусот на љубовта..
Ти беше причината за нејзината среќа, причината поради која таа не гледаше никого пред себе.. причината поради која остануваше будна во ноќта чекајки да заѕвони телефонот и да го чуе твојот глас додека ти ги валкаше рацете со оние кои не вредат..
Причината поради која заспиваше на мокра перница а утрото кога ке те видеше забораваше на се и повторно ти се враќаше.
Твојата малечка..  ја научи искрено да сака.. а ти не ни имаше појма што е љубов..
таа ти даде се, ти го предаде срцето на дланка..
ти даде се што имаше во него, љубов, утеха,надеж, соништа..
А што и даде ти?
Што и остави ти освен што и го врати срцето раскинато на илјада парчиња?
што направи за неа освен што и ја распара душата, и и ги уништи соништата..?
Погледни ја сега...
твојата малечка...
Во нејзините очи ја нема невиноста, сега гори бесот и омразата..
го нема веќе тој милозвучен глас, горчината ја опила..
во нејзината душа се закотвил студот..
веќе љубовта за неа е непозната емоција..
Веќе ништо не може да продре до нејзиното срце,
стана нескршлива.
Погледни во што ја претвори, ја направи како тебе...
твоја копија..
но многу по сурова!










За авторот


Текстовите на овој блог се сопственост на авторката под псевдонимот Кукла од памук, која не сака да го открие својот идентитет инаку има 25 години.
 Блогот е создаден на 25 Март 2013 година е од литературен карактер.
За сите верни читатели кои го следат овој блог можат да го следат и на:

Facebook страницата    Facebook официјалниот профил

Пофалби и криткики можете да испраќате на меил
kuklaodpamuk@gmail.com

Со љубов,
Кукла од Памук