28 November 2013

„Двајца што не постоеле“

Ајде дожду, измиј ја тагата од моето лице
овие очи никогаш не плачеле,
овие солзи никогаш не потекле.
Ајде ветру однеси ми ги спомените,
нароси пепел врз таа љубов,
ние никогаш не постоевме.
Ајде небо направи бура,
нека го избрише од минатото, 
нека го искорне од срцево,
тој не припаѓа таму.. таму не смее да живее.
Ајде ѕвезди заборавете,
скријте се низ маглата.. вие нашата љубов не ја видовте.
Ајде месечино изгасни, како што згасна неговиот копнеж,
избриши ги неговите траги од мене.
Ајде огну разгори се,
нека гори душава што по него страда,
нека гори срцево што по него бие,
нека горам и јас со нив..
велат кој еднаш се изгорел, 
втор пат тој оган ќе биде.





2 comments:

  1. Прекрасно! Се чувствува дека е пронижано со искрени емоции! :)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Дури и повеќе од тоа - Искрена љубов.
      Благодарам. <3

      Delete