Таа луда за него, тој опиен за неа. Како да беа створени да траат до бескрај.
Секој посакуваше барем за миг да влезе во нивната бајка.. да ја открие тајната на таа нивна неопишлива среќа. Гледајќи ги нив беше невозможно да не веруваш во судбина..
Такви ликови можат да бидат заедно само во романите.. но што би биле тие без некој суров заплет.. И во еден миг здивот ни застана. На никој не му беше јасно што се случи таа есен.. Како птиците да ја однесоа со себе некаде далеку вистината за тие безвременски љубовници.
Него го среќававме често на станицата, ќе одмавнеше така растревожено и ќе го снемаше во толпата.. А неа.. неа ја немаше со денови. Ја сретнавме случајно во еден бар.. сеуште беше многу убава, но како нешто да недостигаше.. Во очите и беше спласнал огнот, зборуваше со некоја лажна среќа и даваше некои нејасни одговори. Во очите сафирите и се претвориле во пепел, здивот и се одземаше кога ќе го промрморевме неговото име..
Молчејќи гледавме едни во други и го знаевме одговорот.
Тие беа главни ликови, но во две различни приказни.
No comments:
Post a Comment