03 May 2017

„Најмила“

„Еј најмила моја,
каде си кога сите ѕвезди ќе се угаснат, 
каде си кога сите реки ќе дотечат..
Под чии сводови се вгнездуваш,
во чии крилја заспиваш?

Каде си кога горам во бесни огнови,
каде си кога ми се рушат во пепел спомени..
Каде си кога гробови ми се туѓи постели,
каде си кога сум леш во страни прегратки..

Најмила моја,
каде си кога ниту утрото ми е ден, 
каде си кога ниту мракот ми е ноќ.
Во чие сонце со топлина да се угреам,
во чија месечина светлина да пронајдам..

Во чии облаци тага да измијам, 
во чии градини рози да помилувам,
Во мене душа гола како пустина,
во гради одамна пролет не расцутела.

Еј најмила моја..
Во град преполн со илјадници лица 
чукам на врати од празни срца,
но ни едно како твоето не ме вдомува.

Ниту едни очи како твоите не ме гледаат,
ниту душа ми разголуваат, ниту мрак ми осунуваат.
Ниту едни раце како твоите не ме допираат, 
ниту крв ми зовриваат, ниту кожа ми растреперуваат..“


1 comment:

  1. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои се мачат во нивните односи бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и нашите 2 деца за друга жена на 3 години. Се обидов да бидам силна само за моите деца, но не можев да ја контролирам болката што го мачеше моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па направив истражување на интернет и наидов на веб-локација каде видов дека д-р Елен, која работи на магија, може да ти помогне да ги вратиш љубовниците. Ја контактирав и таа ми кажа посебна молитва и магии. На мое изненадување, по 2 дена мојот сопруг се врати дома. Така се собравме и имаше толку многу љубов, радост и мир во семејството. Можете исто така да стапите во контакт со д-р Елен, моќен асистент за решенија
    1) придобијте го вашето поранешно момче
    2) Соберете ги мажот и жената
    3) престанете да ги повторувате кошмарите
    4) Хербален лек за ХИВ и рак
    5) Моќен магичен прстен
    6) среќен шарм
    7) Кршење на опсесии
    8) Проблеми со породувањето и бременоста Контактирајте го преку EMAIL: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да Whatsapp +2349074881619

    ReplyDelete