Таа со стиснати дланки под своите колена бледо и занесено ја набљудуваше месечината додека ветрот низ своите прсти и ја галеше свиленкастата коса со медова боја. Зениците беше и пламнале во темносин жар кој полека и ја одземаше ориентацијата и за миг ја губеше од реалноста. Гласот и беше тивок и милозвучен, нежно пееше некоја позната мелодија која за миг и носеше некоја притаена свирепа насмевка на усните.
Тешки воздишки доаѓаа од два чекори непосредно покрај неа. Силуета на момче кое во прстите го премотуваше речиси допушениот џоинт испуштајќи неколку дима. Погледите им се сретнуваа неколку пати и само заблудено ќе го отпревртеа погледот кон небото и повторно ќе започнеше нивното патешествие на мислите. Летаа далеку, живееа во друг свет. Тоа беше нивното бегство од реалноста. Бегаа од секојдневието. Таа од секојдневните осудувања и забрани, а тој од проблемите и незадоволството од светот. И двата имаа толку заеднички а сепак толку спротивни работи.
Таа никогаш не успеваше да го сфати светот, да го гледа онака како другите. Беше премногу софистицирана за нив, имаше длабок поглед во кој можеше човек да потоне и засекогаш да се изгуби. Таа беше налик совршенство, налик перфекционист кој очајно трагаше по нешто несовршено кое ќе и докажеше дека светот е едно совршено несовршенство. Не сакаше некој кој беше совршена копија на нејзиниот Дон Жуан од фантазиите. Неа и требаше спасител кој ќе успее без предрасуди да ја извади нејзината бесна страна на површина, таа несовршеност која успешно ја криеше. А тој.. не беше ни принц од бајките ни осмислен Дон Жуан. Само обично урбано момче кое пораснало без предрасудите на општеството. Во свој филм и своја средина. Тоа беше тој. Со бесмислени соништа и налудничави идеи кои и самиот не ги разбираше. Со нескротлив дух кој бестрашно го покажуваше и живееше. Навидум беа како небото и земјата.. но во себе беа многу слични. А тоа попречуваше се, или тоа им даваше вистинска смисла на нивните различни битиа.
Размислуваа далеку, за големи светови, за далечни патеки.. за иднина која ни малку не им изгледаше како реална. Понекогаш не можеа да пронајдат компромис помеѓу нивните карактери и сфаќања кои беа како црно и бело, но веднаш потоа знаеа да ги избришат тие општи гледишта кои им ги наметнуваше животот и повторно беа бесконечни.
Нивната љубов и лудост немаше граници, и поради тоа на моменти изгледаше страшна.
Како сон, како илузија. Ним им требаше повеќе од соништа, им требаше реалност каде што соништата можеа да оживеат.
Таа не можеше да живее со некој чиј живот нема смисла, а тој не можеше да опстане во место каде постоеа ограничувања. Затоа нив никој никогаш не ги разбра.. не успеа да ги погледне од страната од која тие се гледаа меѓусебно. Нив ги раздвои реалноста, тоа што не успеаја да живеат во неа.. Затоа што таа не беше шарена како нивните соништа.
Што им сторија?
Неа и ги скршија крилјата, и ја ставија во златен кафез каде никогаш не ќе можи да ја отвори својата душа и да полета кон висините кои можеше да ги достигне. А него.. Тој ги имаше крилјата, но сам не знаеше да го обиколи светот. Беа совршено несовршенство, кое не успеа да опстане.. само остана во спомените. Имаа исти очи.. но различни погледи.
Чудно како секогаш тишината може најопипливо да се опише.. и статичноста, непроменливоста, меланхолијата... создава толку реална речиси жива слика. :)
ReplyDeleteМи се допаѓа многу, иако има неколку ситни граматички грешки кои бодат очи, но сепак содржината и темата - 10ка.
Уште еден совет: добро би било позадината да биде посветла а буквите потемни, вака очи заболуваат при читање. :)
Keep up the good work.
Ти благодарам премногу, ќе го имам на ум. Благодарам на поддршката и критиката секако <3
Delete