30 April 2013

- „А Требаше да трае“


И додека трепнав заврши се'. Како да се избриша во дел од секундата, неговата љубов, зборовите,допирите,бакнежите како никогаш да не ни постоеле.
Изгледаше премногу добро за да биде вистина а и најверојатно беше, затоа и заврши туку така.. 
И нашето беше само миг, кој посакав да трае вечно.. ама се што брзо доаѓа, уште побрзо заминува.. 

28 April 2013

„Што ми остави тој“

И ете ме сега како се давам во сопствените солзи, во сопствената немарност, наивност..
како мало дете кое верува во се што ќе му кажат. Мислите се настроиле против мене а срцето собрало флота против разумот и војува.. ме казнува со сите спомени кои ми ги плеснува толку крвнички. И секоја воздишка, секоја солза ме потсеќа на едно време... нивната топлина на образите ме потсеќа на топлината која некогаш ја чувствував во градите, на една љубов..
заборавена љубов, а сепак толку блиска.
И сега сваќам дека цело време сум живеела во минатото, сум живеела со мислите и лажната претстава дека тој е сеуште тука, да е... всушност и никогаш не замина од срцево, иако веќе одамна не е до мене.
Ме враќа назад на еден далечен Септември, ќе го паметам по името Прва љубов.
Како светот да се преврти наопаку, како да не бев повеќе старата јас, како да живеев во друг свет, каде што постоевме само ние.
Не беше како другите, и затоа толку брзо се случи се..
сета таа еуфорија,пеперутки,возбуденост,среќа,тага.. целиот тој бран од емоции ме потона длабоко во таа љубов, и ме закотви на дното да не можам никогаш да испливам.
Имав надеж, розови соништа.. сонував за Засекогаш..
И што беше најлошо од се? - Тоа што замина... а вети дека ќе остане..
Туку така, без никакво оправдување за се што ми остави, за сите спомени,  за сета тага и болка.. за сета надеж што ја имав.
И најлошо е што прокоцкав се што имав, си го прокоцкав срцето толку пати, што слепо верував.. И велат, само оние кои вистински љубат,губат најмногу.
Јас изгубив се, му оставив љубов која ќе го сити, а тој мене солзи кои ќе ме изгладнат.

27 April 2013

„Нескршлива“



И на крајот си ја постигна целта, ако тоа ти беше и цел... успеа да ме удавиш во твоите лаги за вечната љубов и искреноста, за вистината во која се колнеше и самиот тонеше...
Беше игра, игра од љубовни лаги во која едниот мораше да изгуби и да падне на нив..
го признавам поразот, паднав.. поверував како мало дете и изгубив.
И го изгубив најдрагоценото што го имав, чистото срце во кое барем имаше вистинска љубов,
а не отров како во твоето.
Да, можеби поверував на се.. ама ако, не ме боли ниту една твоја лага..
не ме боли неверството, не ме боли ништо.. всушност нема што да ме боли, отрпнав на се.
Секој пат кога почнуваше од ново да ме вплеткуваш во тој свет од лаги јас губев дел од себе, се кршеа парчињата едно по едно кога ја дознавав вистината.. и сега ако.
Знаеш, ми направи услуга.. барем нема истото да го доживеам со никој друг, веќе никој нема да може да ми го скрши срцето пак.. И не за џабе рекле она што нема да те убие ќе те направи посилен, ха.. звучи клише но така е..
Всушност ова не ме направи посилна, туку непобедлива..
сега ми е полесно, ќе живеам баш како тебе..
ќе глумам љубов на секој што сакам, и токму така.. ќе љубам без да сакам.


-http://www.youtube.com/watch?v=xG3yEUvvRp4

26 April 2013

„Совршената дама“


Беше дама, имаше насмевка нанижана од сјајни бисери, очи претопени во сини сафири, со поглед го помрачуваше секој зрак од сонцето, ја засрамуваше и светлоста на месечината.
Имаше се,  се што секоја девојка би посакала.. под нозете мажите и ги ронеа нивните срца, за само еден ноншалантен поглед од неа би постелиле и ќилим од рози..
Знаеше како на шала да се насмевне и да им испрати по еден подол бакнеж.. преку рамо да фрли еден поглед и да уништи се зад себе.. да им откине од градите една воздишка и да им зароби еден тупот од срцето.. Но тоа не и беше доволно.
И беа здосадени таквите мажи кои во неа ја гледаа само совршената скулптура на божицата Афродита, и здосадија да ја обожаваат, да и се восхитувааат.. затоа што таа беше само жена, како и сите други.. Но никој од нив не успеваше да ја види нејзината внатрешна убавина, онаа која вистински беше таа... имаше срце, имаше љубов.. да срце од месо, и љубов доволна да го нахрани сиот свет.. 
Но никој од нив не и даваше шанса да биде таа која навистина е, да ги види нејзините маани, нејзините фалинки кои ни сама не ги поднесуваше..
За миг да посегне по нејзината темна страна, да биде покрај неа кога не беше така убава.. 
И додека тие правеа се за само еден миг да ја освојат.. неа и требаше човек кој ќе и кажеше дека не е најубава, туку дека е вистинска, дека не е најзгодна, туку е најдобра..
Човек кој утрото немаше да ја остави во чаршави од солзи и самотија, човек кој ќе беше покрај неа и кога немаше да биде така убава..
Кога ќе погледнеше во нејзините насолзени очи со размачкан алајнер, усните со крвав вкус, косата со растурена пунџа.. и ќе и рече дека тоа е таа, жената која ја сака секој ден покрај себе, така неуредна, несовршена, ама сепак вистинска.  





25 April 2013

„Таа - неговата игра“


И доволен беше само еден збор да ја врати назад, да ја пецни во раната од минатото и без да се поколеба повторно да ги прелиста наназад веќе прочитаните страни.
Само еден поглед, една насмевка, еден збор.. за повторно да му верува и да биде само негова.
Но таа всушност од секогаш беше негова, беше и тогаш кога беше со друг.
Многу пати реши да замине, но само што ќе направеше чекор без него тој повторно како сенка ќе се појавеше позади нејзините рамена и ќе ја повлечеше назад во неговата бездна..
Но токму таа бездна за неа беше рај, таму научи за среќа, научи за љубов, научи да лета без крилја. Но научи и што е тага, за прв пат го почувствува вкусот на солзите, и ја осозна болката на скршеното срце.
Тој беше тој кој знаеше да замини и да ја остави зад себе како парче сув лист кој безмилосно ќе го прегазеше а потоа кога ќе се вратеше повторно ќе го побараше да ги склопи деловите.
Затоа што знаеше дека таа секогаш ке биде таму, и ќе го чека.
Знаеше дека дури и тогаш кога ќе замини повторно ќе се врати, затоа што беше свесен дека таа припаѓа таму, дека и покрај се тоа беше местото каде што беше среќна..
И продолжуваше да ја повредува, да ја сака па да ја заборава, па да ја зема и да ја остава..
А таа на сето тоа беше навикната, се навикна на неговото присуство, но и на неговото отсуство. Се навикна на неговата игра, на неговите лаги, се навикна на се и веќе и стана сеедно.
Знаеше дека нејзината љубов нему никогаш нема да му биде доволна.
И кога дојде крајот на се.. таа замина..
Таа се навикна на неговото отсуство затоа што тој никогаш не и припаѓаше само неа,
Но тој никогаш не успеа, затоа што таа секогаш му припаѓаше само него.
Таа знаеше да живее без него, но тој без неа не.

12 April 2013

„Кога подоцна е многу доцна“



И ете ќе помине време. Како за казна повторно ќе се сретнеме, и пак нема да ни избегаат погледите.. една секунда е доволна да ги вкрсти нашите патишта.
Еден збор, една насмевка.. ќе пробаш ти знам, да изнудиш можност да се вратиме назад каде што некогаш застанавме. Тоа некогаш за тебе како да било вчера, само миг пред сегашноста, а не сваќаш дека за мене е цела вечност.
И со неколку слатки зборови ќе пробаш да ме купиш, да изнудиш насмевка на моето лице,
ќе пробаш да ми ја отвориш старата рана која толку време ја лекував.
Те знам тебе, немаш ни малку срам.. мислиш пак ќе попуштам.
Но сети се колку пати со ред ја повторував истата грешка, па можеби и не сум толку наивна и глупава ништо да не научив.
Можеби ја повторував, но не затоа што не бев свесна дека грешам, туку затоа што мислев дека можеби ќе биде поправена.
Знаеш, љубовта од ден на ден се менува... некогаш станува по силна, а некогаш полека избледува. И се сеќаваш добро на мене, бев мала и наивна.. имав чисто срце кое ти го извалка, и премногу љубов која ти ја прокоцка. И шансите се потрошија, и таа полека исчезна..
Можеби сеуште во мене живее некој мал дел од неа, но тој остана како поука, да ме потсетува на вистината, на тоа кој си вистинскиот ти.. а не да верувам во лажната претстава која ти ми ја даде.
И со тоа сваќам каква била твојата љубов, лажна и нечесна... ветуваше планини а се што остави беа голи пустини, затоа што во љубовта не постојат правила и граници... а ти сам ги постави.
Сам стави крај на нашата приказна, на која јас упорно ставав запирка..
Кога помеѓу сегашноста и иднината ти избра да бидеш минато, остани таму и не се враќај.
Сети се кога рече дека љубовта ти е искрена,
сети се кога се заколна дека нема да заминеш..
И знај дека без разлика на се никогаш нема да напуштиш оној кој го сакаш,
без разлика колку да е тешко..И сети се, ти замина!







„Роб на љубовта“

„Чекорев по пат од трња и рози,
одев онаму од каде и ѓаволот бега.. 
Барав сонце во тмурно небо,
барав капка во зрно песок.
Ех љубов...
каква дрога си ти?
Правиш злато од парче камен,
правиш душа од парче месо..
Што си ти?
Ми стави превез врз очите и ме натера да гледам,
ми ги пресече крилјата и ме направи да летам..
Срцево како залог ми го зеде и должник ме направи да ти бидам.
Каде и да одам мој сопатник си ти, 
мој господар, моја судбина..
Зарем од тебе човек може да бега?“


10 April 2013

„Тој...“


„И ја заборави ли?“ - ќе го прашаа, а тој ќе го свртеше погледот и ќе се насмевнеше онака иронично.
Очите го издаваа, гласот му трепереше но пак остануваше достоен на својата лага.
Во грлото ќе му застанеше нејзиното име, и ќе ги стегнеше вилиците додека низ заби ќе промрмореше дека не се ни сеќава за која го прашуваат.
Не беше тој човек кој е роб на своите емоции, не беше човек кој го слушаше своето срце..
Секогаш неговото его беше она посилното, похраброто кое го затвораше во занданите на тврдоглавоста.
И така ја остави неа, ладнокрвно си замина.. Ја пропушти од рацете а ја имаше како капка вода во дланката, беше само негова, смртно потпишана, и тој ја исфрли туку така..
Ја оттурна од себе за да ја заборави, зошто знаеше дека љубовта спрема неа му излегуваше од контрола а тој не беше човек кој сакаше да љуби, да биде заљубен.
Беше човек со ледено срце, човек кој сакаше без да љуби.. Знаеше да го симне цело небо на секоја која сакаше да ја има, толку ноншалантно да го кажува зборот „Те сакам“ правејќи секоја да поверува во него.
Беше имун на љубовта иако беше болест од која патеше..
Е таков си беше тој, сите го знаеа.
А таа не беше како другите иако тој мислеше дека лесно ќе ја освои и ќе направи да се заљуби во него...
Додека тој се трудеше да ја вовлече неа во љубовната дрога самиот стана зависен од неа..
Не беше свесен дека кармата конечно ја заврти насоката кон него, и сеуште слепо веруваше дека таа ќе биде негова следна жртва.
А имаа се.. Имаа свет кој сами го создадоа, свет од соништа и желби. Свет во кој не им требаше никој и ништо за да бидат среќни, иако другите ги осудуваа тие имаа љубов.
Беа како сонце и дожд, но заедно го правеа виножитото.
Но не... Тој не сакаше да биде дел од тој свет, не сакаше да биде дел од нејзиното небо..
Отиде и уништи се, се што заедно создадоа.. И продолжи онаму од каде што застана, ја уништи приказната за нив. Ја избриша неа иако никогаш не успеа да ја избриши од срцето..
И ке ја видеше некаде и ќе преминеше на другата страна за да избегне нивните лица да се сретнат, да погледне пак во нејзините очи и да го тргне погледот, зошто знаеше дека тие ќе го издадат. Тој никогаш не ја заборави и затоа бегаше од се.. Знаеше дека може да ги излаже другите, да се излаже и себеси.. Но неа не!




07 April 2013

„Зошто таа никогаш не се откажа“


И после се што доживеа,
покрај сите зборови, солзи, измачувања,
покрај сите лаги, и празни ветувања..
таа не се откажа од него.
Продолжи да живее со празнината во себе,
продолжи да го сака со секој дел од нејзиното распарчено срце...
продолжи да чекори по патот кој го избра,
иако тој и носеше само болка и тежина.
Таа не се откажуваше..
Не прекина да се надева..
сеуште очекуваше да го сретне повторно на некоја раскрсница,
повторно за миг да биде само негова...
таа и никогаш не сакаше да припаѓа на никој друг..
секогаш беше тој пред се...
никогаш на ум не и паѓаше некој друг,
срцето не и даваше..
Се бореше со себе, да го заборави.. но не беше доволна силна за да успее.
Со него ја запозна болката на љубовта и со него сакаше да ја излечи.. Не се откажа зошто знаеше дека никој друг не би можел да и ја пополни празнината која тој и ја остави, никој не би можел да и даде такви спомени од кои во ноќите заспиваше и се будеше со солзи.
Не сакаше нов почеток со друг, сакаше само крај со него...
Можеби никој друг немаше да ја расплачи, повреди и уништи како тој...
и знаеше дека ако се врати назад и тргне по друг пат можеше да пронајде мир и љубов каква што заслужува..
но никогаш немаше да го пронајди тоа чувство кое само тој знае да и го даде!





02 April 2013

„Без него“


Отвори се земјо, пронајди го мојот љубен.. 
испрати му го мојот глас..
кажи му да ме чека, 
на овој свет не сакам да живеам јас..
Еј љубен мој.. каде отиде.. 
зошто со тебе не ме поведе..
ме остави меѓу живите,
мртовец да бидам..
но јас не припаѓам овде.
Еј ангели мои кажете му..
без него ништо на овој свет не сакам да видам..
ни сонце,
ни небо,
ни реки,
ни ѕвезди..
без него ништо не сакам да видам.
Еј сонце без него не изгревај,
Еј небо без него не патувај,
Еј реки без него не течете,
Еј ѕвезди без него не блескајте..
без него ништо не сакам да видам!
Еј срце мое.. те ослободувам..
јас друг не можам да љубам.
Еј ангели мои одведете ме 
јас смртта со радост ќе ја дочекам..
одведете ме кај него
во неговиот пекол јас да горам,
од ѓаволот крв јас да пијам..
само ноќва постелава гроб да не ми е.
Еј Ти Севишен Богу..
зошто ме казнуваш со живот вечен..
кога овој свет без него вистина не е..
Или стори ме пепел, 
или јас неговата ќе бидам!