26 April 2013

„Совршената дама“


Беше дама, имаше насмевка нанижана од сјајни бисери, очи претопени во сини сафири, со поглед го помрачуваше секој зрак од сонцето, ја засрамуваше и светлоста на месечината.
Имаше се,  се што секоја девојка би посакала.. под нозете мажите и ги ронеа нивните срца, за само еден ноншалантен поглед од неа би постелиле и ќилим од рози..
Знаеше како на шала да се насмевне и да им испрати по еден подол бакнеж.. преку рамо да фрли еден поглед и да уништи се зад себе.. да им откине од градите една воздишка и да им зароби еден тупот од срцето.. Но тоа не и беше доволно.
И беа здосадени таквите мажи кои во неа ја гледаа само совршената скулптура на божицата Афродита, и здосадија да ја обожаваат, да и се восхитувааат.. затоа што таа беше само жена, како и сите други.. Но никој од нив не успеваше да ја види нејзината внатрешна убавина, онаа која вистински беше таа... имаше срце, имаше љубов.. да срце од месо, и љубов доволна да го нахрани сиот свет.. 
Но никој од нив не и даваше шанса да биде таа која навистина е, да ги види нејзините маани, нејзините фалинки кои ни сама не ги поднесуваше..
За миг да посегне по нејзината темна страна, да биде покрај неа кога не беше така убава.. 
И додека тие правеа се за само еден миг да ја освојат.. неа и требаше човек кој ќе и кажеше дека не е најубава, туку дека е вистинска, дека не е најзгодна, туку е најдобра..
Човек кој утрото немаше да ја остави во чаршави од солзи и самотија, човек кој ќе беше покрај неа и кога немаше да биде така убава..
Кога ќе погледнеше во нејзините насолзени очи со размачкан алајнер, усните со крвав вкус, косата со растурена пунџа.. и ќе и рече дека тоа е таа, жената која ја сака секој ден покрај себе, така неуредна, несовршена, ама сепак вистинска.  





2 comments:

  1. Многу убаво напишано,длабоко и со стил :)

    ReplyDelete