Ќе ви раскажам една приказна,
за тоа како станав кукла од памук...
како ги сокрив моите чувства во џебовите од душата
и ги сошив раните на срцето..
Сјајот на насолзените очи и скршената насмевка
ги сокрив позади бесчувствителното лице од порцелан.
Ова е мојот свет, топло ќе ве угостам...
добредојдовте!

сите текстови и песни се моја сопственост
и замолувам доколку некој ги копира да го стави моето име под нив..
Однапред благорадна
- Кукла од Памук

June 13, 2013

„Крај!“


Тмурна ноќ. Затишје. Молкот како да навестуваше некој крај кој одамна веќе пристигнал на прагот само се двоуми дали да влези. Јас и тој, погледите беше ни се закотвиле еден во друг. 
Се гледавме како да имаме нешто да си кажиме, но ниту еден од нас не можеше да се осмели.
Во грлото ми навираше горчина која упорно ја потиснував во себе. Знаев дека е ова наша последна ноќ, знаев по неговите бакнежи, по неговите прегратки во кои постоеше некоја носталгија.. притаен трепет кој криеше толку емоции. 
Не сакав ништо друго на светот туку само да вриснев на сиот глас и да му кажев дека го сакам и потоа да се втурнев во неговите прегратки и да го преколнував да не оди. 
Но знаев.. залудно ќе беше. Затоа и премолчив. Ја премолчив сета таа љубов која можеше да донесе повеќе болка одколку утеха. Знаев дека повеќе не е мој, повеќе во гласот ја немаше таа милозвушност, во очите го немаше тој пламен.. Залудни беа и илјада зборови кога неговиот еден беше посилен од нив.
Крај. Си прошепотив во себе и го прегрнав силно. Солзите ми капнаа на неговото рамо но брзо ги сокрив, не сакав да ме види скршена, не сакав да мисли дека ме боли. 
Го ставив безгрижното насмеано лице над лицето распарчено од тага и тивко му прошепотив:
„Барем сеќавај се на мене, секогаш.. вака насмеана.“
И го пуштив..Замина пред моите очи, замина без еднаш да се заврти. Го чекаше овој момент одамна.. ете и го доби. Си реков, и да не ме сака.. барем насмевната ќе ме запамети, и ќе се присети.. понекогаш.. на девојката која го сакаше повеќе од се.

No comments:

Post a Comment

Пребарај

Loading...