Ќе ви раскажам една приказна,
за тоа како станав кукла од памук...
како ги сокрив моите чувства во џебовите од душата
и ги сошив раните на срцето..
Сјајот на насолзените очи и скршената насмевка
ги сокрив позади бесчувствителното лице од порцелан.
Ова е мојот свет, топло ќе ве угостам...
добредојдовте!

сите текстови и песни се моја сопственост
и замолувам доколку некој ги копира да го стави моето име под нив..
Однапред благорадна
- Кукла од Памук

May 23, 2013

„Малечка..“


„-Главата горе, малечка. Светот не застанува за едно скршено срце!
И не е тој за тебе, никогаш не ни беше.. Ваков нежен редок цвет во саксија не вреди да стои покрај пластично цвеќе во вазна. Тој е можеби сега единствениот на овој свет кој го сакаш, но само ја гледаш надворешната убавина, тој нема срце мила моја. Погледни и сама што ти стори..
Така кревка и наивна ти го рани срцето, те обвитка во солзи наместо во љубов, не казнувај се уште повеќе.. А знам дека боли, знам дека ќе треба време, ама верувај ми ќе се исплати.
Стегни го срцето, затвори го и не пуштај никого.. Тој вистинскиот сам ќе најде начин и клуч како да го отвори. Само биди трпелива и чекај, на вистинската љубов и треба време.. затоа не брзај, кога ќе дојде ќе трае вечно!“


2 comments:

  1. Predobro mila,mnogu mi se dopagaat tvoite tekstovi. A ova,prekrasno e,za site skrseni srca,kako nas...

    ReplyDelete
    Replies
    1. За да се дојде до вистинската љубов, треба да се помине низ многу погрешни.. за жал или за среќа.. така е најдобро.
      Ти благодарам од се срце. Бакнежи <3

      Delete

Пребарај

Loading...