Но како велат.. Огнот кој силно гори брзо згаснува,
нашиот гореше како да пеколот се отворил на земјата и не проголтал нас двата.
И полека водеше кон нови и нови заплети.
Но ни еден роман не би бил толку совршен доколку ја нема слатката љубовна горчина, доколку ни едниот не пати и не биде повреден, за да би имал среќен крај.
Веќе и самите не знаевме каде води оваа приказна,љубовта ја пишувавме како обичен збор на парче излитена хартија.
Ти ми ветуваше вечност а се што добив беа само неколку мига. И сега кога ја читам повторно сеуште го чувствувам мирисот на тагата,на страниците сеуште спијат моите солзи и болката. Се прашувам до каде застанавме, а потоа гледам дека крајот сеуште се одолговлекува,
на крајот од секоја страница има запирка.
Ти стоиш некаде помеѓу редовите, а потоа те снемува,оваа приказна ја пишувам јас самата.
Долго сум се лажела дека ти си бил главниот, но си бил само спореден лик во неа..
И зошто сеуште жедно го чекам расплетот кога нема веќе што да се пишува, се се врти во еден круг и одново се повторува.
Но можеби не се работи за крајот туку за приказната,
подобро да стои вака недопишана, барем нема кого да повредува. И едно те замолувам, не завршувај ја...
Празните страници ми се надежта.
Ги чувам за иднината, за да можам да преживеам!
No comments:
Post a Comment