29 March 2013

„Јас - твојата сенка“


Уште од првиот пат кога те видов, знаев дека не си вистина..знаев дека стојам на раскрсница помеѓу реалноста и фантазијата.
Го знаев крајот на нашата бајка уште пред да биде започната.
Но ниту еден збор не сведочеше за болката која сега ја чувствувам,знаев но не сакав да признаам. 
Само ги затворив очите и сакав да полетам, сакав да оживеам во светот каде што бев невидлива.. Ти беше тој кој ме забележа, ти ми подаде рака и ме однесе на друга планета, ми подари рај, ме научи да живеам.
Ме натера да поверувам во љубовта, да и бидам роб и да и се покорувам.
Ја знаеше тајната лозинка до моето срце уште кога во моите очи ја виде бистрината,
го зароби во окови од лаги и го остави во темницата.
Сега тоа не слуша никој друг и не сака на друг да верува, го боли но не признава.
И секогаш беше ти пред се, пред секој друг.
Секогаш постоеше некоја чудна поврзаност која правеше да го следам твојот чекор, 
и само тебе да те забележувам во толпата... 
Ги гледав само твоите очи,  го слушав само твојот глас... бев маѓепсана.
И сега ме боли да се погледнам во огледало, да се видам засрамена. 
Се срамам од моите очи, во нив те гледам тебе.. ти сеуште живееш во секој дел од моето тело.
Полека почнувам да не се препознавам. Се изгубив себеси следејки те тебе, но никако не успеав да те достигнам.
Но сега гледам, јас сум била само твоја сенка.. сенка која во утрото ќе биде изгубена!


No comments:

Post a Comment