Часовникот отчука 12 на полноќ. Во очите и вирееше копнеж,
копнеж кој полека се претопуваше во солзи.
Голтна горчина во себе и ги стекна усните.
„Нема да дојде..“ - изусти безнадежно.
Целата трепереше додека чекорите бавно и одѕвонуваа низ собата.
Молкот ги имаше одговорите, но таа не сакаше да ги признае.
Уште една ноќ остана сама..
сама го пиеше горкото црвено вино кое како да и застануваше во грлото..
сама танцуваше на нивната омилена балада..
сама се насмевнуваше на миговите со него..
сама спиеше на неговата перница, за миг да го почувствува неговиот мирис,
неговото присуство..
Се чувствуваше виновна, виновна што падна на искушението на лагата..
што поверува повторно на празните ветувања...
Се засрами пред себе погледнувајки го расплаканото лице и размачканата маскара во огледалото..
Ја исправи главата и ги избриша образите,
го стави црвениот кармин и провлече насмевка врз усните.
Го облече неговиот омилен фустан и ги стави бисерите кои тој и ги подари.
Зачекори пред прагот и воздивна..
во себе тивко прошепоти.. „Ќе го заборавам!“
Чекореше злобно по улиците додека мажите воздивнуваа на секој нејзин тупот од штиклите..
Во очите и гореше оган кој распламтуваше во одмазда.
Влезе во големиот клуб,пред прагот го остави него..
ги остави неговите спомени, нејзиното срце..
Ноќта беше долга, како и гневот што и пламтеше во очите.
Го проколна илјада пати во себе, порача мартини и го предаде своето тело на мракот..
За да ја види токму таква каква што никогаш не била..
Бес срце, студена, сурова.. и ни малку негова.
http://www.youtube.com/watch?v=L6K8Uq88BEQ
No comments:
Post a Comment