30 March 2013

„Бегајќи од себеси“


Беше како пекол и рај, двете во едно..
на моменти чувствував како телото да ми се распаѓа а веднаш потоа како повторно да се раѓав од прашината.
Понекогаш повеќе болеа солзите кои не можеа да излезат, кои беа заглавени таму некаде помеѓу очите и душата.
Посакував да вриснам силно со надеж дека некој ке ме извади од таа бездна, дека некој друг ќе ме маѓепса со поглед како неговиот, дека ќе биде негова копија и ќе биде возможно да ја сакам..
Љубовта со него беше како дрога, на моменти го даваше она еуфорично возвишено чувство а веднаш потоа ме доведуваше до работ на лудилото.. но продолжував да ја земам иако полека ме уништуваше.
Го сакав на некој необјаснив начин, понекогаш ми беше доволно да го погледнам и да сватам дека тој ми припаѓа само мене а веднаш потоа ми требаше повеќе од колку што можев да издржам.
Сакав да го сакам, но повеќе сакав да го мразам.. и кога ќе го свртеше грбот и ќе заминеше посакував да истрчам пред него и да го гушнам силно, но го пуштав да оди бидејки знаев дека повторно ќе ми се врати.
Одевме по различни патишта кои на крајот сепак се вкрстуваа, имаше нешто толку чудно во нашата судбина.
Бевме како оган и вода, како небо и земја, ангел и ѓавол.. а сепак припаѓавме еден на друг.
Како да доаѓавме од друг свет каде што тие разлики беа совршенство.
Заминував секогаш кога знаев дека ќе бидам повредена.
Барав утеха под туѓо небо но ветрот повторно ме враќаше на неговите облаци..
барав спас во друг поток но реката пак ме носеше до неговите сплавови.
Како да се криев од месечината, а таа секогаш ги следеше моите чекори..
Бегав од него, а всушност бегав од себеси.

No comments:

Post a Comment