12 April 2013

„Кога подоцна е многу доцна“



И ете ќе помине време. Како за казна повторно ќе се сретнеме, и пак нема да ни избегаат погледите.. една секунда е доволна да ги вкрсти нашите патишта.
Еден збор, една насмевка.. ќе пробаш ти знам, да изнудиш можност да се вратиме назад каде што некогаш застанавме. Тоа некогаш за тебе како да било вчера, само миг пред сегашноста, а не сваќаш дека за мене е цела вечност.
И со неколку слатки зборови ќе пробаш да ме купиш, да изнудиш насмевка на моето лице,
ќе пробаш да ми ја отвориш старата рана која толку време ја лекував.
Те знам тебе, немаш ни малку срам.. мислиш пак ќе попуштам.
Но сети се колку пати со ред ја повторував истата грешка, па можеби и не сум толку наивна и глупава ништо да не научив.
Можеби ја повторував, но не затоа што не бев свесна дека грешам, туку затоа што мислев дека можеби ќе биде поправена.
Знаеш, љубовта од ден на ден се менува... некогаш станува по силна, а некогаш полека избледува. И се сеќаваш добро на мене, бев мала и наивна.. имав чисто срце кое ти го извалка, и премногу љубов која ти ја прокоцка. И шансите се потрошија, и таа полека исчезна..
Можеби сеуште во мене живее некој мал дел од неа, но тој остана како поука, да ме потсетува на вистината, на тоа кој си вистинскиот ти.. а не да верувам во лажната претстава која ти ми ја даде.
И со тоа сваќам каква била твојата љубов, лажна и нечесна... ветуваше планини а се што остави беа голи пустини, затоа што во љубовта не постојат правила и граници... а ти сам ги постави.
Сам стави крај на нашата приказна, на која јас упорно ставав запирка..
Кога помеѓу сегашноста и иднината ти избра да бидеш минато, остани таму и не се враќај.
Сети се кога рече дека љубовта ти е искрена,
сети се кога се заколна дека нема да заминеш..
И знај дека без разлика на се никогаш нема да напуштиш оној кој го сакаш,
без разлика колку да е тешко..И сети се, ти замина!







No comments:

Post a Comment