28 April 2013

„Што ми остави тој“

И ете ме сега како се давам во сопствените солзи, во сопствената немарност, наивност..
како мало дете кое верува во се што ќе му кажат. Мислите се настроиле против мене а срцето собрало флота против разумот и војува.. ме казнува со сите спомени кои ми ги плеснува толку крвнички. И секоја воздишка, секоја солза ме потсеќа на едно време... нивната топлина на образите ме потсеќа на топлината која некогаш ја чувствував во градите, на една љубов..
заборавена љубов, а сепак толку блиска.
И сега сваќам дека цело време сум живеела во минатото, сум живеела со мислите и лажната претстава дека тој е сеуште тука, да е... всушност и никогаш не замина од срцево, иако веќе одамна не е до мене.
Ме враќа назад на еден далечен Септември, ќе го паметам по името Прва љубов.
Како светот да се преврти наопаку, како да не бев повеќе старата јас, како да живеев во друг свет, каде што постоевме само ние.
Не беше како другите, и затоа толку брзо се случи се..
сета таа еуфорија,пеперутки,возбуденост,среќа,тага.. целиот тој бран од емоции ме потона длабоко во таа љубов, и ме закотви на дното да не можам никогаш да испливам.
Имав надеж, розови соништа.. сонував за Засекогаш..
И што беше најлошо од се? - Тоа што замина... а вети дека ќе остане..
Туку така, без никакво оправдување за се што ми остави, за сите спомени,  за сета тага и болка.. за сета надеж што ја имав.
И најлошо е што прокоцкав се што имав, си го прокоцкав срцето толку пати, што слепо верував.. И велат, само оние кои вистински љубат,губат најмногу.
Јас изгубив се, му оставив љубов која ќе го сити, а тој мене солзи кои ќе ме изгладнат.

1 comment:

  1. bravo odlicen blog i prekrasni tekstovi pozz

    ReplyDelete