10 April 2013

„Тој...“


„И ја заборави ли?“ - ќе го прашаа, а тој ќе го свртеше погледот и ќе се насмевнеше онака иронично.
Очите го издаваа, гласот му трепереше но пак остануваше достоен на својата лага.
Во грлото ќе му застанеше нејзиното име, и ќе ги стегнеше вилиците додека низ заби ќе промрмореше дека не се ни сеќава за која го прашуваат.
Не беше тој човек кој е роб на своите емоции, не беше човек кој го слушаше своето срце..
Секогаш неговото его беше она посилното, похраброто кое го затвораше во занданите на тврдоглавоста.
И така ја остави неа, ладнокрвно си замина.. Ја пропушти од рацете а ја имаше како капка вода во дланката, беше само негова, смртно потпишана, и тој ја исфрли туку така..
Ја оттурна од себе за да ја заборави, зошто знаеше дека љубовта спрема неа му излегуваше од контрола а тој не беше човек кој сакаше да љуби, да биде заљубен.
Беше човек со ледено срце, човек кој сакаше без да љуби.. Знаеше да го симне цело небо на секоја која сакаше да ја има, толку ноншалантно да го кажува зборот „Те сакам“ правејќи секоја да поверува во него.
Беше имун на љубовта иако беше болест од која патеше..
Е таков си беше тој, сите го знаеа.
А таа не беше како другите иако тој мислеше дека лесно ќе ја освои и ќе направи да се заљуби во него...
Додека тој се трудеше да ја вовлече неа во љубовната дрога самиот стана зависен од неа..
Не беше свесен дека кармата конечно ја заврти насоката кон него, и сеуште слепо веруваше дека таа ќе биде негова следна жртва.
А имаа се.. Имаа свет кој сами го создадоа, свет од соништа и желби. Свет во кој не им требаше никој и ништо за да бидат среќни, иако другите ги осудуваа тие имаа љубов.
Беа како сонце и дожд, но заедно го правеа виножитото.
Но не... Тој не сакаше да биде дел од тој свет, не сакаше да биде дел од нејзиното небо..
Отиде и уништи се, се што заедно создадоа.. И продолжи онаму од каде што застана, ја уништи приказната за нив. Ја избриша неа иако никогаш не успеа да ја избриши од срцето..
И ке ја видеше некаде и ќе преминеше на другата страна за да избегне нивните лица да се сретнат, да погледне пак во нејзините очи и да го тргне погледот, зошто знаеше дека тие ќе го издадат. Тој никогаш не ја заборави и затоа бегаше од се.. Знаеше дека може да ги излаже другите, да се излаже и себеси.. Но неа не!




2 comments: