25 April 2013

„Таа - неговата игра“


И доволен беше само еден збор да ја врати назад, да ја пецни во раната од минатото и без да се поколеба повторно да ги прелиста наназад веќе прочитаните страни.
Само еден поглед, една насмевка, еден збор.. за повторно да му верува и да биде само негова.
Но таа всушност од секогаш беше негова, беше и тогаш кога беше со друг.
Многу пати реши да замине, но само што ќе направеше чекор без него тој повторно како сенка ќе се појавеше позади нејзините рамена и ќе ја повлечеше назад во неговата бездна..
Но токму таа бездна за неа беше рај, таму научи за среќа, научи за љубов, научи да лета без крилја. Но научи и што е тага, за прв пат го почувствува вкусот на солзите, и ја осозна болката на скршеното срце.
Тој беше тој кој знаеше да замини и да ја остави зад себе како парче сув лист кој безмилосно ќе го прегазеше а потоа кога ќе се вратеше повторно ќе го побараше да ги склопи деловите.
Затоа што знаеше дека таа секогаш ке биде таму, и ќе го чека.
Знаеше дека дури и тогаш кога ќе замини повторно ќе се врати, затоа што беше свесен дека таа припаѓа таму, дека и покрај се тоа беше местото каде што беше среќна..
И продолжуваше да ја повредува, да ја сака па да ја заборава, па да ја зема и да ја остава..
А таа на сето тоа беше навикната, се навикна на неговото присуство, но и на неговото отсуство. Се навикна на неговата игра, на неговите лаги, се навикна на се и веќе и стана сеедно.
Знаеше дека нејзината љубов нему никогаш нема да му биде доволна.
И кога дојде крајот на се.. таа замина..
Таа се навикна на неговото отсуство затоа што тој никогаш не и припаѓаше само неа,
Но тој никогаш не успеа, затоа што таа секогаш му припаѓаше само него.
Таа знаеше да живее без него, но тој без неа не.

No comments:

Post a Comment