01 May 2013

„За љубовта грешев“



Сега се срамам и од самата себе, се срамам да се погледнам во огледало и да си го видам лицето, насмевката.. очите.. се плашам дека повеќе не се исти како порано.
Се плашам дека ќе ги најдам траговите кои ти ми ги остави во нив.
Дека на лицето ми се испишани грешките, сите залудни надежи, сите пропаднати соништа..
Тешко ми е да се погледнам дека можеби ќе ја видам и празнината во мене..
И да си речам самата на себе, да се проколнам, да се засрамам и да ја наведнам главата пред себе.. да извикам на сиот глас -Му веруваше.. сама си крива за се!
Да се прашам себеси -Зошто? и во тишината одговорот да го даде секој тупот на срцето,
а солзите да ми ја потпишат казната што слепо верував на твоите лаги..
-Заслужив!- ќе си речам, и ќе ја проголтам сета горчина, ќе ги избришам солзите и ќе го стегнам срцето.
Барем научив како не треба, барем знам кому не треба да верувам, кој љубовта не ја заслужува,
барем знам каде повторно да не погрешам!



No comments:

Post a Comment