06 May 2013

„Ние двајца“

А тој, баш како и јас чекаше некоја да го промени.. 
И тогаш ние двајца, барајќи го баш спротивното
од она кое што го пронајдовме еден во друг,
се сретнавме немајќи појма кои сме и што бараме, што сакаме..
И се враќавме еден на друг, секоја ноќ, стално. 
Се до оној миг кога сфативме дека неможе понатаму, барем не така. 
Или се или ништо. 
А не бевме спремни за чувства, јас скршена после него, а тој после којзнае која. 
И двајцата продолживме онаму каде што застанавме,
се оддалечивме еден од друг на ист начин на кој се сретнавме.
Бевме две лоши души кои и понатаму трагаа по некоја добра која ќе не промени,
не мислејќи дека можеби баш еден за друг сме створени.


6 comments:

  1. „Се оддалечивме еден од друг на ист начин на кој се сретнавме.“

    Ми се допаѓа стилот на пишување.

    Пофалби :)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Мило ми е што ти се допаѓа, ти благодарам многу. :)

      Delete
  2. Многу ми се допаѓа целиов блог, а посебно приказнава. Само продолжи вака. Thumbs up. :)

    ReplyDelete